Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кулминираше гневот во Бразил, протести во 44 градови поради бавната набавка на вакцини

Кулминираше гневот во Бразил, протести во 44 градови поради бавната набавка на вакцини

Протести избија во Бразил. Протести се одржаа во најмалку 44 бразилски градови, а демонстрантите обвинуваа дека половина милион умрени од ковид – 19 е еден вид на геноцид. Илјадници граѓани вчера излегоа на улиците обвинувајќи го претседателот Жаир Болсонаро и владата поради неефикасно справување со ковид-кризата. 

Тие се гневни поради бавната набавка на вакцини и сомнежите во оправданоста на носењето на маски. Бразил вчера ја надмина бројката од пола милион починати од коронавирус и се искачи на второто место во светот по бројот на починати зад САД.

Само 11 отсто од граѓаните на Бразил се целосно вакцинирани, а 29 отсто добиле прва доза. Во Бразил се појави бразилскиот сој кој однесе многу жртви.

Бразил дневно губеше по 2.000 луѓе.  

Во светот има над 178 милиони потврдени ковид случаи. 

Слично

Поврзани вести