Кулибали пукал и за време на нападот на „Шарли Ебдо“
Ахмед Кулибали, кој уби полициски службеник и четворица заложници во една еврејска продавница, се поврзува и со еден напад во предградие на Париз.
Во тој напад тешко е ранет еден случаен минувач, а тоа се случило истиот ден како и масакрот во неделникот „Шарли Ебдо“, соопштил парискиот обвинител.
Во кратка изјава, обвинителот истакнал дека балистичките тестови од чаурите од нападот кои се случил во средата во предградието Фонтенеј о Росе, покажале дека тие потекнуваат од истото автоматско оружје кое било користено во нападот на еврејската продавница подоцна.
Обвинителот рекол дека лице кое џогирало бло тешко рането, пренесува „АП“.
Пред да биде убиен, во акција на елитните полициски единици, Кулибали на новинарите им рекол дека тој е припадник на џихадистичката група Исламска држава.
Слично
