Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кулибали пред нападот неколку дена престојувал во Мадрид

Кулибали пред нападот неколку дена престојувал во Мадрид
Еден од тројцата напаѓачи во Париз, Амеди Кулибали, пред нападот три дена престојувал во Мадрид, тврди шпанскиот весник „Вангардија“, прецизирајќи дека властите водат истрага за постоење келија за поддршка на исламистички тероризам Според пишувањата на весникот Кулибали престојувал во Мадрид од 30 декември до втори јануари во друштво на засега неидентификувани лица. Весникот наведува дека познато е оти девојката на Амеди, Ајат Бумедин отпатувала од Мадрид за Истамбул  по што на осми јануари влегла во Сирија. Спанските антитерористички служби заедно со француските, водат истрага за активностите на Кулибали во Шпанија за да утврдат дали во оваа земја постои келија за поддршка. Шпанските власти наведуваат дека околу 70 исламистички борци од Шпанија, кои учествувале во борбите во зоните на конфликтот на Блискиот исток, се вратиле во земјата во текот на 2014 година. Кулибали беше убиен на деветти јануари за време на интервенцијата на француската полиција во супермаркет во Париз, каде тој држеше заложници.  
Слично

Поврзани вести