Кулеба вели дека по средбата во Истанбул преговорите одат многу тешко
Руско-украинскиот преговарачки процес стана многу потежок по преговорите во Истанбул, изјави украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, за кинеската новинска агенција Ксинхуа, пренесува руски ТАСС.
Тој вели дека украинската делегација во Турција и претставила на Украина нацрт-договор за меѓународни безбедносни гаранции.
„Руската страна го доби овој предлог со цел дополнително да го проучи, но за жал, после тоа преговарачкиот процес стана многу комплициран. Единствениот начин да се обезбеди долгорочен ред и стабилност во Украина е да се врати суверенитетот на целата нејзина територија во меѓународно признатите граници“, рече Кулеба.
Откако Русија ја почна војната во Украина на 24 февруари, имаше преговори во Белорусија и Турција, но договор нема. Медиумите јавуваат за најдени нови тела на цивили кои руските сили ги мачеле и убиле.Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика руските војници да не се борат.
