Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кулеба вели дека и ЕУ може да ги измами?

Кулеба вели дека и ЕУ може да ги измами?

Властите во Украина се разочарани од постапките на Европската Унија(ЕУ). Тие сметаат дека е можно да бидат измамени. 

„Одбивањето на кандидатскиот статус на Украина би значело дека Европа нè измами“, вели украинскиот шеф на дипломатијата, Дмитро Кулеба. 

Тој за „Фајненшл тајмс“ изјави дека Украина летово очекува да добие статус на кандидат за влез во Европската Унија, пренесува „Унијан“. Кулеба изјави дека Украина е единственото место во Европа каде што луѓето гинат за вредностите на кои се заснова ЕУ и тоа треба да се почитува.  Инаку, Украина веќе се откажа од идејата да влезе во НАТО. 

Но, францускиот претседател Емануел Макрон кажа дека Украина со децении ќе чека за влез во ЕУ. 

Претседателот на Франција заговара создавање на Европска политичка заедница. Приклучувањето кон таа заедница не значи и идно членство во ЕУ. Ниту таа би била затворена за оние кои ја напуштиле. 

Слично

Поврзани вести