Кулеба вели дека целта е да ги ослободат своите територии, а не да ги отстапат на Русија
Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба денеска ја отфрли можноста за отстапување на територија на Русија доколку некогаш продолжат мировните преговори и јасно стави до знаење дека такви преговори не се водат.
„Целта на Украина во оваа војна е да ги ослободиме нашите територии, да го вратиме нашиот територијален интегритет и целосниот суверенитет на истокот и југот на Украина“, рече Кулеба.
Руските сили се фокусираат врз неколку мали градови на приодите кон поголемите градови Славјанск и Краматорск во Доњецк.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски исто така повтори во неколку наврати дека нема да дадат ниту педа земја на Русија. На 24 февруари, Русија ја почна инвазијата на Украина.
Слично
