Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кулеба: Убијте го рускиот извоз

Кулеба: Убијте го рускиот извоз

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба повика да се „убие рускиот извоз“. 

Тој ги повика владите и компаниите да го сторат тоа и ќе помогнат Москва да стави крај на војната во Украина. 

„Мојата порака е многу едноставна. Убијте го рускиот извоз“, рече Кулеба денеска на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

Кажа дека економијата на Украина повеќе страда од руското уништување и напади, отколку што руската економија трпи од санкциите.

„Сè додека Русија заработува од продажба на нафта и гас, нивните џебови се прилично полни“, рече Кулеба. 

Се навршија три месеци од почетокот на војната во Украина. Уништени се неколку градови, а илјадници цивили загинаа. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сака директно да преговара со рускиот претседател Владимир Путин, но прво руската војска да се врати на позицијата од пред 24 февруари. 

Слично

Поврзани вести