Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кулеба: Русите сакаат крв, а не преговори

Кулеба: Русите сакаат крв, а не преговори

Украина бара дополнителни санкции за Русија и оружје. 

Откако Москва најави проширување на офанзивата во Украина, украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба вели дека Русија сака војна и терор. 

„Русите сакаат крв, а не преговори. Ги повикувам сите партнери да ги зајакнат санкциите против Русија и да ја забрзаат испораката на оружје за Украина“, напиша Кулеба на Твитер.

Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Москва нема исклучиво да се концентрира на источниот дел на Украина и дека преговорите меѓу Русија и Украина во сегашната ситуација немаат смисла. Тој кажа дека поради американското оружје кое Украина го добива, тие ќе се фокусираат на повеќе територии, а не само на Донбас. Претходно Русија ја обвини Украина дека не сака мир. 

Слично

Поврзани вести