Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кулеба: Руси, одете дома, вие сте во туѓа земја каде што никому не му требате

Кулеба: Руси, одете дома, вие сте во туѓа земја каде што никому не му требате

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба во телевизиско обраќање изјави дека Украина сака посилни санкции кон Русија. 

Вели дека пораката од народот е јасна дека Русите треба да си одат дома. 

„Руси, одете дома. Вие сте во туѓа земја каде што никому не му требате. И никој не ве пречекува со цвеќиња. Путин, оставете ја Украина на мира. Нема да победите во оваа војна“, нагласи Кулеба.

Тој го повтори повикот на Украина до меѓународните сојузници да го заштитат украинскиот воздушен простор од „неселективно и варварско бомбардирање од страна на Русите“ и да и обезбедат на земјата борбени авиони и сериозна противвоздушна одбрана, проектили и оружје. 

„Тие вклучуваат, меѓу другото, забрана на руската Сбербанк од SWIFT, затворање на европските пристаништа за руски бродови, затворање на пристапот до Русија со криптовалути и стопирање на купување руска нафта“, рече тој.

Вели дека купувањето руска нафта е финансирање на руските воени злосторства.

„Руската нафта денес мириса на украинска крв“, рече министерот за надворешни работи“, вели Кулеба. 

Во земјава се бројат цивилни жртви, меѓу кои има и деца. Иако беше договорено примирје за излез на цивили во Мариупол, тоа не беше испочитувано. 

Слично

Поврзани вести