Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кулеба рече дека ќе остане во Бугарија додека не добие јасен одговор на неговите барања

Кулеба рече дека ќе остане во Бугарија додека не добие јасен одговор на неговите барања

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба истакна дека оние кои сакаат да и помогнат на Украина секогаш ќе најдат начин.

Изјави дека оние кои велат дека ги штитат целите и принципите треба сега да застанат зад Украина. 

„Секој кој наоѓа причина или аргумент да не преземе таква одлука дејствува во корист на агресијата. Нивните аргументи може да изгледаат рационално, но сигурен сум дека за време на војна, остатокот од светот мора да ја заземе страната на жртвите, а не на агресорите. Најдобар начин да се запре војната е да се поддржи Украина, а не да се биде неутрален“, изјави Кулеба при посетата на Бугарија.

Тој порача дека Бугарија треба да биде на страната на правдата.  Кулеба рече дека ќе остане во Бугарија додека не добие јасен одговор на неговите барања, пренесе Бгнес.

„Но, ако ви пречам со моето присуство, не грижете се, јас ќе заминам наскоро“, рече тој.

Вели дека  испраќањето шлемови и панцири е важна и добра мерка од политичка гледна точка, „но за време на војна мора да имаш и оружје со кое ќе се одбраниш“.

Русија објави дека го има под контрола и градот Мариупол. 

Слично

Поврзани вести