Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кулеба прифаќа разговори со Русија, но не и ултиматуми

Кулеба прифаќа разговори со Русија, но не и ултиматуми

Киев е подготвен за разговори со Русија, но ги отфрла руските ултиматуми.

Ако дојде до ескалација, Киев ќе возврати. 

„Ние сме подготвени за разговори. Сепак, не сме подготвени да прифатиме руски ултиматуми“, изјави украинскиот шеф на дипломатијата, Дмитро Кулеба во интервју за германскиот весник „Велт“.

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, при посета на Берлин го пофали одговорот на Германија на војната со Русија велејќи дека земјата сега го презеде водството по тензиите меѓу Берлин и Киев.

Во интервју за германската телевизија АРД, Кулеба рече дека се случиле позитивни промени по одлуката на Германија да ѝ испорача тешко оружје на Украина и го поддржа предложеното ембарго на ЕУ за руската нафта. Кулеба рече дека планира да лобира за членство на Украина во ЕУ, како и да воведе нови санкции кон Русија, пренесува „Ројтерс“.

Слично

Поврзани вести