Кулеба помина 30 часа во мрак и без вода
Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба поминал 30 часа во мрак и без вода во својот стан.
Кулеба изјави дека Украина наскоро би можела да остане без струја. Во интервју за германскиот ТВ канал АРД, тој побара помош од Западот со генератори и трансформатори.
Европската Унија (ЕУ) ќе испрати генератори и ќе воспостави координациски центар во Полска за помош за Украина да ја помине зимата. Украина се соочува со руски напади врз инфраструктурата и температури под нулата.
Од Кремљ велат дека Украина мора да ги предаде териториите анектирани од Русија пред какви било дипломатски преговори.
Инаку, украинските сили оштетија важен мост кој Русите го користат за транспорт на оружје. За потсетување, руската инвазија на Украина почна на 24 февруари.
