Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кулеба по нападот во родилиштето: Во име на хуманоста, обезбедете ни авиони, сега!

Кулеба по нападот во родилиштето: Во име на хуманоста, обезбедете ни авиони, сега!

По нападот на болница во украинскиот град Мариупол, каде се повредени 17 луѓе, шефот на дипломатијата Дмитро Кулеба ги повика меѓународните партнери да и обезбедат авиони на Украина. 

„Ужасно воено злосторство во Мариупол. Цел на руски воздушен напад беа болница и родилиште. Можевме да го запреме ова варварство со заштита на нашето небо. Во име на хуманоста, обезбедете ни авиони, сега! Животите се губат додека ова се разгледува одново и одново“, напиша Кулеба на Твитер.

На местото на нападот има кратер со дијаметар од повеќе од 10 метри.

Претседателот Влодомир Зеленски го оквалификува рускиот воздушен напад како „ѕверство“.

Кулеба на социјалната мрежа Твитер објави дека Русите држат 400.000 Украинци како заложници во поморскиот град Мариупол.

Светската здравствена организација (СЗО) потврди 18 напади врз здравствени установи, здравствени работници и амбулантни возила во Украина, што резултирало со десет смртни случаи и 16 повредени, изјави шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

foto Printskrin

Слично

Поврзани вести