Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кулеба ќе бара оружје за да можат да се спротивстават на руските сили

Кулеба ќе бара оружје за да можат да се спротивстават на руските сили

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба ќе побара уште оружје од западните земји. 

Тој изјави дека планира да упати апел до своите колеги од Г7 и до земјите од НАТО да го исполнат барањето на Украина да биде снабдена со доволно оружје за да им се спротивстави на руските сили.

„Главна тема на мојата презентација во Брисел ќе биде снабдувањето на Украина со сето неопходно оружје“, рече Кулеба, пренесува „Ројтерс“.

Тој в четврток ќе се сретне со министрите за надворешни работи на другите земји. Деновиве Чешка и даде тенкови и друга опрема на Украина. Украинските власти и претходно бараа оружје. 

Слично

Поврзани вести