Кулеба: Инсистираме на прекин на огнот, безбедносни гаранции и територијален интегритет на Украина
Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба изјави дека „процесот на преговори е многу тежок“.
Објасни дека преговорите со Русија се „многу тешки“ и вети дека нема да отстапи од барањата.
„Украинската делегација зазеде цврст став и не отстапува од своите барања. Ние инсистираме, пред сè, на прекин на огнот, безбедносни гаранции и територијален интегритет на Украина“, рече Кулеба.
Војната започна на 24 минатиот месец и трае цел месец до денес. Имаше неколку рунди преговори, но засега без некој поголем успех.Русија најави дека ќе се насочи кон целосно ослободување на Донбас.
Слично
