Кулеба најави дека оружје од САД е на пат за Украина
САД повторно со оружје ќе и помогне на Украина.
Украинскиот шеф на дипломатијата, Дмитро Кулеба изјави дека денеска се сретнал со американскиот државен секретар Антони Блинкен во Берлин, велејќи дека „повеќе оружје и друга помош е на пат за Украина“.
„Се договоривме тесно да соработуваме за да обезбедиме извозот на украинската храна да стигне до потрошувачите во Африка и Азија. Благодарни сме им на секретарот Блинкен и на САД за нивното лидерство и непоколебливата поддршка“, напиша Кулеба на Твитер.
Веќе 12 седмици трае војната во Украина. Русија на 24 февруари ја почна војната во Украина. Оваа земја постојано бара воена помош и построги санкции за Русија, со цел да нема со што да ја финансира војната. Не само САД, и други европски земји со оружје и помогнаа на Украина.
Слично
