Економија, финансии, бизнис

Контакт

Куќата мора да ја продава за половина цена заради – растение?

Куќата мора да ја продава за половина цена заради – растение?
Елизабет Абрахам од Велика Британија доживеала непријатно изненадување кога се обидела да ја продаде куќата во која живеела цел живот за да си обезбеди пари за нега во старечки дом. Едно инвазивно растение, кое на имотот било со години сега речиси ја преполовило цената на куќата. Се работи за растението "Japanese Knotweed", за кое кога било увезено во Велика Британија не се знаело дека исклучително штетно и на сопственикот на куќата може да му задава силни проблеми. Сега, ова растение ја намалува вредноста на куќата од 80.000 на 45.000 фунти. Британската Агенција за животна средина го опишува растението како зеленкасто, со листови во форма на лопата, произведува бели цветови наесен, а расте многу брзо - преку лето и по 10 сантиметри на ден! Проблемот е во тоа што растението е толку цврсто што расте низ многу цврсти структури, како што се темелите и подот на куќата. Кога еднаш ќе влезе на имотот, може да ја намали цврстината на структурата, а во некои случаи куќата мора во целост да биде урната. За отстранување на ова растение мора да се ангажираат професионалци, а целиот процес може да трае и до четири години.
Слично

Поврзани вести