Економија, финансии, бизнис

Контакт

Куќа од детството на Доналд Трамп оди на аукција

Куќа од детството на Доналд Трамп оди на аукција

Организаторите на аукцијата сметаат дека имотот може да биде продаден за три пати повисока сума од нејзината цена пред претседателските избори. 

Куќата во Квинс, Њујорк, во која поминале првите четири години од животот на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, е понудена на аукција, пренесе Франс прес.

Организаторите на аукцијата од Paramount Realty USA сметаат дека имотот може да биде продаден за многу повисока сума од нејзината цена пред претседателските избори во САД. Понуди ќе се примаат до 17 јануари - три дена пред инаугурацијата на Доналд Трамп.

Куќата е со пет спални и првично е понудена за продажба во текот на летото. Тогаш продажната цена била 1,65 милиони долари. Потоа семејството што ја предложи за продажба, го сведе износот на 1,2 милиони долари.


Слично

Поврзани вести