Економија, финансии, бизнис

Контакт

Терористот од Виена можно е да биде погребан во Македонија, откако исламските гробишта го забранија закопот

Терористот од Виена можно е да биде погребан во Македонија, откако исламските гробишта го забранија закопот

Исламските гробишта одбиваат да го погребаат Кујтим Фејзулаи по терористичкиот акт во Воена, во кој што уби четири недолжни лица пред да биде застрелан од полицијата.

"Алах ќе расчисти со него. Но, ние исто така имавме чувство дека мораме да сториме нешто", рече администраторот на гробиштата Али Ибрахим за денешното издание на „Куриер“.

Фејзулаи требаше да биде погребан на исламски гробишта во Грошмарктстрасе на периферијата на Виена, но управата го одби барањето. Иако сè уште не беше утврден фиксен датум, управата на гробиштата донесе одлука во средата да не биде погребан убиецот таму 

„Тој е убиец кој уби невини луѓе и со тоа им наштети на сите муслимани. Другите верници исто така изразија огромна загриженост за него затоа што не сакаат да лежат покрај убиец“, додава Ибрахим.

Каде и кога ќе биде погребан сторителот, останува отворено прашањето. Алтернатива би биле исламските гробишта во Ворарлберг или погреб во Северна Македонија, од каде има корени атентаторот, кој пораснал во Медлинг. Има и област за муслимани на централните гробишта во Виена, пишува Ди Пресе.


Слично

Поврзани вести