Куере и Асмунсен: ЕЦБ треба да ги објавува записниците од редовните седници
Европската централна банка (ЕЦБ), по примерот на централните банки на САД и Велика Британија, би требало да започне да ги објавува записниците од своите редовни седници, сметаат Бено Куере и Јерг Асмунсен, членови на извршниот одбор на ЕЦБ.
Куере, во разговор за германскиот весник Sueddeutsche Zeitung и францускиот Le Figaro, изјави дека постои наклонетост за објава на записниците од состаноците, имајќи предвид дека инвеститорите бараат транспарентност и одговорност.
Неговиот колега Асмусен, пак, смета дека во записникот треба да биде наведено и кој за што гласал и кога.
Запрашан дали таквиот негов предлог има мнозинство во Управниот совет на ЕЦБ, Асмусен одговори дека „Секое мнозинство започнува како малцинство“.
Со оглед дека ЕЦБ досега не објавувал записници од своите состаноци, нејзиниот челник Марио Драги редовно одржува прес-конференции по секое месечно заседание.
Слично
