Кучински по оставката доби забрана да го напушти Перу
Сериозна истрага е покрената против сега веќе поранешниот претседател на Перу, Педро Кучински кој доби забрана да ја напушта земјата во наредните 18 месеци поради сомнежи за злоупотреба на службената положба и кориспција.
Кучински поднесе оставка во средата, еден ден пред закажаното гласање во Конгресот за процедура за негово отповикување. – За доброто на државата поднесувам оставка на функцијата претседател на Републиката, нагласи Кучински.
Против него се води истрага под сомнеж дека неговата консултантска фирма пред десетина години примила 782.000 долари од бразилскиот градежен гигант „Одерберхт“. Дел од тие средства биле уплатени во време кога Кучински беше перуански министер за економија и финансии, што ги поттикна сомнежите дека станува збор за корупција.
Кучински отфрла каква и да било злоупотреба на власта од негова страна и нагласи дека е подготвен на целосна соработка со истражните органи.
