Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кучињата го заживуваат бизнисот на авиокомпаниите

Кучињата го заживуваат бизнисот на авиокомпаниите
И кучињата имаат потреба од авио превоз – всушност дури повеќе од сите нас, пишува Businessweek. Тоа е најновата маркетиншка порака на компаниите кој продаваат дел од просторот во авионите и на чартер летовите. Ако влезете на портаолот на NetJets.com – компанија која им дозволува на патниците да закупат или да изнајмат дел од авион, нема да видите бизнисмен кои работи на својот лаптоп туку ќе видите детенце во раскошна кожена фотеља кое спие во преградка со мал лабрадор. Тое е спокојна слика која ќе го натера изморениот патник да си купи кученце и пријатна атмосфера во која ќе отспие. Минатат година NetJets транспортирала 14 400 животни на близу 10 000 летови. Flexjets, втрората по големина компанија во овој бизнис исто така е активна на пазарот за транспорт на домашни миленици. На нејзиниот портал посетителите можат да видат куче кое се качува на авион кое го следи семејство. На другата страница таткото гледа преку прозорецот со кучето кое седи во неговиот скут околу чиј врат има шал. Маркетиншката порака овде е повеќе од очигледна : Разбираме! Домашните миленици се дел од вашето семејство. Ако ги оставиме настана поставените слики, стратегијата е навистина остроумна. Низ годините големите трговски авио компании грубо ги занемаруваа клиентите со домашни миленици. Опасностите меѓу кои имало и замрзнати кучиња беа причина да се превземе нешто за еден голем потенцијал на овој пазар. Близу 43,3 милиони домаќинства во САД имаат и најмалку едно куче. Delta исто така се вклучи во бизнисот со кучиња, но списокот со ограничувања и правила е многу долг, а цените се високи. Компанијата не прифаќа да превезува животни со сплескани муцки, како и на линиите на кои се користат Boeing 767 или Airbus 330-200. United Continental има исто така долг список со забрани вклучително за превозот на многу мали кученца како и, колку и да звучи чудно, прасенца на возраст под осум недели. Во исто време Southwest и JetBlue им дозволуваат на патниците да транспортираат со себе мали кученца, но не и поголеми животни во одделот за товар. Сето тоа има една важна порака: Авионите не се само за бизнис патувања. Индустријата настарада сериозно во текот на 2008 и 2009 година поради рецесијата која го намали бројот на бизнис патувањата. Во 2009 година NetJets забележа загуба од 711 милиони долари пред да се врати на заработка од 207 милиони долари следната година. Токму вакавата турбуленција е една од причините која неодамна го натера Bombardier да излезе од бизнисот со изнајмување на делови од авиони. Во Септември  таа ја продададе  Flexjet на инвестициската компанија Directional Aviation Capital. Во меѓувреме делува дека Directional е убедена, дека бизнисот со превоз на животни ќе трген напред. Кога ја купи компанијата, таа направи и порачка за 85 нови авиони. K.K.
Слично

Поврзани вести