Куба: За 4 часа интернет се троши цела плата!
Многу Кубанци сакаат да се поврзат на интернет од своите домови, но засега пристапуваат само и од одредени центри но цената за ова искуство е превисока, пишува capital.ba.
На Куба единствената лекарите, новинарите и некои поединци може од дома да пристапат на интернет. Поради ова, земјата има најмалку корисници на интернет низ Латинска Америка, во 2011 година само 2,6 милиони од 11.1 милиони жители.
Единствено решение за многумина претставуваат интернет центрите, чие отворањето го покрена Владата, но само малкумина можат да си дозволат нивните услуги. Цената за еден час на интернет е 4,5 долари, додека претходно беше и 6 долари, што е исклучително скапо поради просечната кубанска плата од 20 долари.
Владата вети дека нејзината цел е да обезбеди на интернет и во домовите на своите граѓани, но и покрај се, приклучувањето на подводниот оптички кабел од Венецуела, кој ќе го замени скапиот сателитски пристап, се уште останува желба, порад останатите државни приоритети, пишува порталот.
Слично
