Куба се откажува од двoвалутниот систем
Амбициозна реформа објави во неделата Раул Кастро. Во островската држава, во моментов има две официјални валути. Едната од нив е фиксна кон американскиот долар и со неа се купуваат увезени стоки, потсетува ТВ7 . Тие сепак се недостапни за обичните Кубанци, бидејќи своите плати обично ги добиваат во пезоси.
Фиксната кон доларот валута е повеќе од 20 пати поскапа од обичната. Кубанските власти планираат да ги здружат двете валути, но засега не се обврзува со рокови, само навестуваат дека тоа ќе биде долг процес .
Според аналитичарите, реформата нема да ги реши големите економски проблеми на земјата, која е под трговско ембарго од САД, но барем донекаде ќе ја зајакне позицијата на пезосот на меѓународните девизни пазари.
Двовалутниот систем на Куба е воведен во 1994 година, но досега тој водеше само до јавна поделба.
Слично
