Економија, финансии, бизнис

Контакт

Куба ги ублажува условите за кредитирање на приватниот бизнис

Куба ги ублажува условите за кредитирање на приватниот бизнис
Куба најави дека ги ублажува условите за кредитирање на бизнисмени во обид да го стимулира зародишот на секторот на мал бизнис , пренесе " Асошиејтед прес " . Новите правила беа објавени во "Службен весник" оваа недела и објавени денеска од државните медиуми. Тие им овозможуваат на бизнисмените да земат кредит од најмалку 1.000 пезоси или 41 долари, што е за една третина помалку од претходниот минимум. Условите на исплатата сега дозволуваат заемот да биде исплатен до 10 години , како и претседателите на банките во земјата во одредени случаи да можат да го продолжат овој рок. Претходно оваа година на Кубанците им беше дозволено да ја користат сопственоста - недвижности и накит - како гаранција за кредити . Бројот на самовработените Кубанци во последните две години достигна речиси 444 000 луѓе или 9% од работоспособното население на островот , забележуваат агенциите .
Слично

Поврзани вести