Економија, финансии, бизнис

Контакт

Куба ги ограничува цените на овошјето и зеленчукот

Куба ги ограничува цените на овошјето и зеленчукот

Куба ги ограничува цените на овошјето и зеленчукот, за да ги ублажи критиките во јавноста за поскапувањето на храната.

Владата во Хавана соопшти дека земјоделските производи кои се нудат на пазарите под контрола на државата, ќе имаат ограничена и пристапна цена за секој поединец кој ја заработува државната плата од 25 долари месечно.

„Цените на бананата, доматот, компирот и 20 други производи ќе бидат ограничени за да се избориме со инфлацијата“- велат од Владата.

Се наведува дека ценовниот шок е поради малото земјоделско производство во земјата. Половина килограм домат во сезона ќе чини 8 центи, а надвор од сезона ќе биде 17 центи, што е неколку пати поевтино во однос на другите пазари во светот.

Куба мора да увезува 80% храна, затоа што земјоделскиот сектор е премал за да ги задоволи потребите.

Државата лани се отвори кон САД, и тоа донесе  3.5 милиони туристи во 2015 година. Во Куба живеат 11 милиони жители.

Слично

Поврзани вести