Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кси Џинпинг и Бил Гејтс се сретнаа: открија за што разговарале

Кси Џинпинг и Бил Гејтс се сретнаа: открија за што разговарале

Кинескиот претседател Кси Џинпинг денеска се сретна со основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, и рече дека се надева оти ќе можат заеднички да спроведат активности кои се од заеднички интерес за Кина и САД.

На првата средба со Гејтс по неколку години, Кси го нарече американскиот претприемач „стар пријател“.

„Често велам дека основата на односите меѓу САД и Кина лежи во нејзините народи. Моите надежи ги полагам во американскиот народ“, рече Кси во видеото објавено од кинеската телевизија.

Тој му рекол на Гејтс дека во сегашната глобална ситуација „можно е заеднички да се спроведуваат различни активности кои се корисни за двете земји и народи, активности кои се корисни за човештвото како целина“.


За време на средбата со Гејтс, Кси рече дека Кина нема да ја следи старата политика на „силна држава која сака хегемонија“, туку ќе работи со други земји за да постигне заеднички развој, јавуваат кинеските медиуми.

Гејтс, кој пристигна во Пекинг во средата, му рече на Кси дека е „почестен“ што има можност да се сретне со кинескиот претседател и рече дека имаат „многу важни теми за разговор“.

Средбата со Гејтс го означува крајот на долгата пауза што Кси ја имаше во последните години на состаноците со странски приватни претприемачи и деловни лидери.

Неколку странски извршни директори ја посетија Кина откако таа беше повторно отворена на почетокот на оваа година, но повеќето главно се сретнаа со владини министри.


Гејтс се повлече од одборот на директори на Мајкрософт во 2020 година за да се фокусира на филантропската работа поврзана со глобалното здравје, образованието и климатските промени.

Последната позната средба меѓу Кси и Гејтс беше во 2015 година, кога тие се сретнаа на маргините на Форумот Боао во провинцијата Хаинан.

На почетокот на 2020 година, Кси му напиша писмо на Гејтс во кое му се заблагодарува и на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс за помошта на Кина, вклучително и 5 милиони долари за нејзината борба против Ковид.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести