Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРВОПРОЛЕВАЊЕ ВО МОСКВА ПОРАДИ МАСКИ: Двајца загинаа, а повредено е и 10-годишно дете при пукање во руска владина институција

КРВОПРОЛЕВАЊЕ ВО МОСКВА ПОРАДИ МАСКИ: Двајца загинаа, а повредено е и 10-годишно дете при пукање во руска владина институција

Две лица загинаа, а уште тројца се повредени откако маж отвори оган врз зградата на владата во Москва што ја користеа руските граѓани за обработка на официјални документи.

На официјално соопштение на Твитер, градоначалникот Сергеј Собјанин ја информира јавноста дека убиецот е уапсен.

„Изразувам сочувство до жртвите и семејствата на жртвите“, напиша тој, додавајќи дека лекарите даваат се од себе за да им помогнат на повредените.

Инцидентот се случил во мултифункционалниот центар за јавни услуги во југоисточниот дел на градот, во областа Рјазан, на околу 12 километри од Црвениот плоштад во Москва.

Според полициски извори, напаѓачот е 45-годишен на Москва, Сергеј Глазов, пишува московскиот весник РБК.

Исто така, повикувајќи се на анонимен полициски извор, новинската агенција ТАСС објави дека до пукањето дошло по конфликтот околу маските.

„Посетителот го извадил оружјето и почнал да пука... Во моментов е познато дека ниту еден од вработените во мултифункционалниот центар немал време да го притисне копчето за паника“, објави извор на ТАСС.

Според руското МВР, две жртви се вработени во установата, а еден е посетител. Од повредените, едното е 10-годишно дете, а другите двајца се полнолетни.

„Осомничениот е приведен во полициската управа“, потврдила портпаролката на полицијата Ирина Волк, пренесува Russia Today.

ФОТО: Твитер РТ-принт скрин


Слично

Поврзани вести