Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРВАВАТ И ЛЕЖАТ: Се појави аудио снимка од разговорот со 911 по фаталното пукање на Алек Болдвин

КРВАВАТ И ЛЕЖАТ: Се појави аудио снимка од разговорот со 911 по фаталното пукање на Алек Болдвин

Објавена е снимка на која се слуша целиот разговор кон 911 од филмскиот сет на кој актерот Алек Болдвин ја застрела снимателката Халина Хачинс, а режисерот Џоел Соуза беше ранет.

Пријавувала супервизорката на снимањето Мами Мичел

Дали се застрелани со вистински куршум?“, прашува диспечерката, а Мичел одговара.

„Не можам да ви го кажам тоа. Имаме двајца застрелани на снимањето на филмот. Имавме проба, не знам дали беа вистински куршуми. Не знам колку е сериозно крвавењето, двајцата само паднаа, но свесни се. Истрчав надвор“, раскажува вознемирената жена.

Операторката потоа ѝ објаснува дека има уште низа прашања што треба да ѝ ги постават, а дека таа мора да одговори на сите, а потоа се слуша дека очајната жена го тргнува слушалката од уста и му вели на некој до неа:

„Дали го слушна, го*нар еден, асистент на директорот, уште па мене ми вика, а тој требаше да ги провери пиштолите, тој е одговорен“.

Потоа слушалката од Мичел ја зема маж кој го продолжува разговорот со операторката.

„Да, тие се свесни, не сум сигурна колку е сериозно, ние не сме со нив внатре. Мислам дека двајца луѓе имаат по една прострелна рана“, вели таа, а операторката вели дека ќе им објасни како да го забават крвавењето, на што мажот додава дека со ранетите веќе е медицинскиот техничар.

„Имаме медицински техничар на сетот, мислам дека веќе го прави тоа. Почекајте да проверам дали можам да пријдам поблиску… Еден од ранетите лежи. Крвари. Ние сме на првата капија“, вели мажот.



Слично

Поврзани вести