КРВАВА СВАДБА ВО АВГАНИСТАН: Талибанците ги изрешетале гостите зошто пуштале музика
Талибанските борци застрелаа двајца гости на свадбата затоа
што пуштале музика, изјавија денеска локалните лидери и очевидци, потег што го
осуди талибанската влада.
Лице блиско до жртвите изјави дека талибанската милиција пукала на свадбата во источниот град Сорхуд, бидејќи ги нашле невестата и младоженецот како слушаат авганистанска музика и убиле две лица, а раниле две.
„Млади луѓе пуштаа музика во друга соба, дојдоа тројца Талибанци и пукаа во нив. Двајцата ранети се во тешка состојба“, изјави очевидец.
Талибанците забранија секаква нерелигиозна музика за време на претходниот режим, од 1996 до 2001 година.
Иако новата исламистичка влада сè уште нема донесено никаков закон за ова прашање, сепак верува дека нерелигиозната музика не е во согласност со исламскиот закон.
Кази Мула Адел, портпарол на локалната власт на провинцијата Нангархара, го потврди инцидентот, без да даде други детали.
Портпаролот на владата во Кабул, Забихула Муџахид не ја потврди веродостојноста на инцидентот, но додаде дека талибанците не го одобруваат таквото насилство.
