Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРВАВА ПРЕСМЕТКА ВО ВИЕНА, ДВАЈЦА БУГАРИ БРКАЛЕ СРБИН КОЈ БЕГАЛ СО ТОРБА: Тој со нож расекол еден од нив

КРВАВА ПРЕСМЕТКА ВО ВИЕНА, ДВАЈЦА БУГАРИ БРКАЛЕ СРБИН КОЈ БЕГАЛ СО ТОРБА: Тој со нож расекол еден од нив

Двајца бугарски државјани нападнале Србин во Виена, наводно поради торба полна со дрога.

Двајца мажи од бугарска националност на возраст од 28 и 31 година нападнале Србин (25) на скалите од станбена зграда во Виена, а локалната полиција се сомнева дека намерата им била да украдат дрога од него. Според австриските медиуми, постои сомнеж дека младиот човек од српска националност дилал дрога во Виена. Постои и сомневање дека во вторникот околу 13.15 часот во ходникот на зградата се сретнал со двајцата бугарски државјани.

„Наводно, тогаш Бугарите го нападнале и се обиделе да му ја украдат торбата полна со наркотици. Кога бил нападнат, Србинот почнал да се брани“, пишува австриски „Heute“.

Потоа, според „Heute“, Србинот извадил нож и неколку пати го прободел Бугаринот (28), при што му нанел тешки повреди на горниот дел од телото. Кога пристигнала полицијата, сите тројца побегнале. Но, двајцата нарко „разбојници“ набрзо по инцидентот биле уапсени од полицијата, а била запленета и торбата полна со дрога.

Бугаринот (28) добил итна медицинска помош од професионална спасувачка служба, а подоцна бил пренесен во болница со повреди опасни по живот. Инспекторите уапсиле Србин (25), осомничен за дилање дрога, а набргу потоа во близина на неговиот стан заплениле 180,2 грама хероин, 4,6 грама марихуана и 280 евра во кеш.

ФОТО: YouTube

Слично

Поврзани вести