Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крвав упад во Парламентот на Венецуела - Гневни демонстрати претепаа пратеници и новинари

Крвав упад во Парламентот на Венецуела - Гневни демонстрати претепаа пратеници и новинари

Група на гневни и маскирани демонстранти упаднаа во Парламентот на Венецуела и нападнаа пратеници и новинари. Според новинарските извештаи најмалку четворица се потешко повредени. Инцидентот се случува на денот на националниот празник на Венецуела.


Според локални медиуми, се слушнале и неколку експлозии но засега не е познато од што се предизвикани. Голем дел од напаѓачите носат качулки. Облечени се во црвено (боја на владејачката партија) и речиси сите носат дрвени палки.

Во Парламентот на Велецуела мнозинство има опозицијата, а насилниците кои упаднале се приврзаници на претседателот Мадуро од кого подолго време се бара да ја напушти функцијата. 

Има информации за судири и надвор од зградата на Парламентот.


Слично

Поврзани вести