Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крвав петок во Турција!

Крвав петок во Турција!

Членови на Работничката партија на Курдистан (ПКК) извршија во петокот серија напади во Турција, како резултат на кои загинаа тројца војници, а 12 други се повредени, од кои некои сериозно, пренесоа агенциите.

Единаесет турски војници беа повредени при експлозија на бомба во источната провинција Ван. Локалните медиуми прецизираа дека состојбата на двајца од нив е критична.

Малку подоцна беше соопштено дека тројца турски војници се убиени во нов напад на членови ПКК извршен против воено возило на автопат меѓу градовите Мардин и Дијарбакир. Во нападот, еден од низата кои беа извршени во Турција денес, настрадаа уште неколку војници, кои се транспортирани во болница.

Сличен напад беше спроведен и во провинцијата Хакари, каде што исто така настрада еден војник од армијата.

Во меѓувреме ракетен напад ја погоди јужната турска провинција Анталија. Трите ракети се удриле продавница на риболовна фирма, но не предизвикале штети, пренесува „Dogan news agency“. Според податоците на телевизија NTV пак гранатите биле испукани во насока на пристаништето во момент во кој преминувал танкер. Податоци за настрадани во инцидентот нема.

Турските сили за безбедност одговорија на серијата напади со итно отпочнување на антитерористички операции во областите кои беа погодени.



Слично

Поврзани вести