Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крвав напад во џамија - 25 мртви во Пакистан

Крвав напад во џамија - 25 мртви во Пакистан

Во нов самоубиствен напад кој е изведен во џамија во Пакистан животот го загубија 25 луѓе, а 34 се повредени. Одговорност за нападот презеде терористичката група Џамат ал-Ахра која работи за интересите на Талибанците. Меѓу загинатите има две деца на возраст под 10 години, во еден од најкрвавите напади во Мохмад, северно од областа Пешавар. 

Навид Акбар, помошник на администраторот на Мохмад соопшти дека бобмашот се разнел внатре во преполната џамија за петочната молитва, па бројот на жртви најверојатно ќе расте. 

Наваз Шарив, премиерот на Пакистан, упати остра осуда на кукавичкиот терористички напад и најави борба со Талибанските сили. Во досегашните напади на Џамат ал-Ахра загинаа стотина луѓе.


Слично

Поврзани вести