Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРВАВ НАПАД ВО АВГАНИСТАН: Очевидци слушнале експлозија, а потоа нивните лица биле извалкани со крв и парчиња месо

КРВАВ НАПАД ВО АВГАНИСТАН: Очевидци слушнале експлозија, а потоа нивните лица биле извалкани со крв и парчиња месо

Уште еден крвав напад се случи во Авганистан, при што 19 луѓе загинаа, а десетици се повредени во експлозии и пукање пред најголемата авганистанска воена болница во главниот град Кабул. 

Според локалните медиуми, четворица од шесте напаѓачи се убиени, а другите двајца се уапсени.

„Бев на околу два метри од капијата на болницата кога одеднаш се слушна силна експлозија. Бевме погодени од бран, неколку минути подоцна нашите глави и лица беа извалкани со крв и парчиња месо. Кога влеговме во болницата, ситуацијата беше многу лоша. Талибанските чувари на болницата пукаа во воздух“, изјави д-р Шабир Ахмади од соседната детска болница Индира Ганди, по телефон за сервисот на Радио Слободна Европа во земјата, Радио Азади.

Претходно, во Авганистан се случија напади во џамии во септември и октомври, при што имаше жртви и повредени. Зад овие напади стоеше организацијата Исламска држава.  Талибанците при крајот на август ја презедоа контролата во Авганистан. 

Слично

Поврзани вести