Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРВАВ НАПАД НА НАЈПРЕСТИЖНИОТ ГЕРМАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ: Вооружен студент влегол во амфитеатарот на Хајделберг и почнал да пука, потоа се самоубил

КРВАВ НАПАД НА НАЈПРЕСТИЖНИОТ ГЕРМАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ: Вооружен студент влегол во амфитеатарот на Хајделберг и почнал да пука, потоа се самоубил

Неколку лица се повредени во нападот што се случи нешто пред 14 часот на Универзитетот во Хајделберг. Нападот започнал околу 13.50 часот, а според неофицијални информации напаѓачот, кој наводно бил студент на универзитетот, се самоубил по крвавиот масакр.

Засега не се познати бројот и идентитетот на ранетите.


Не е познато ниту кој бил мотивот на напаѓачот кој на универзитетот дошол вооружен со неколку пушки.

Германската полиција брзо пристигнала на местото на настанот и се утврдуваат сите детали. Иако се претпоставува дека напаѓачот бил неутрализиран при акцијата на припадниците на полицијата, безбедносни извори велат дека насилникот првично избегал и дека полицијата трага по него.

Набрзо бил пронајден мртов, поради што постои основано сомнение дека извршил самоубиство. Како што јави ДПА, самиот напаѓач бил студент. Според безбедносните кругови, тој немал политички или верски мотиви.

Од полицијата велат дека е утврдено дека напаѓачот дејствувал сам, но истрагата ќе продолжи во наредните денови.


Слично

Поврзани вести