Крвав напад ја потресе Холандија
Крвав напад се случи во градот Алмело во Холандија.
Полицијата го уапсила мажот осомничен дека убил две лица, а потоа застанал на тераса и пукал од самострел. Некои холандски медиуми пренесуваат и дека во станот каде што престојувал напаѓачот е пронајдена една жртва, но оваа информација не е потврдена.
„Ситуацијата сега е под контрола", соопштил портпаролот на полицијата.
Тој додал дека не се верува дека напаѓачот имал терористички мотиви. Полицијата претходно добила дојава дека на терасата на една зграда стои човек со оружје.
Слично
