КРВАВ МОРАЛ: Убија жена затоа што отишла сама на пазар
Во Авганистан застрелаа јавно жена, поради едно единствено обвинение, се осмелила да оди сама на пазар.
Овој крвав чин се случил во провинцијата Сар-е-Пул, која е под контрола на Талибанците, пишува „Дејли Меил".
Медиумите покажаа и видео од егзекуцијата. Според информациите, мажот на жената ја напуштил земјата, по што таа морала да излезе сама од дома, за да пазарува.
Убиената жена живеела во селото Лати.
Како што се гледа од кадрите во видеото таа е на колена пред група вооружени мажи. Жената се обидува да објасни, но машките гласови ја надвикуваат.
Од движењето „Талибан" ја презедоа одговорноста за убиството. Странските медиуми потсетуваат дека законите во овој дел на земјата се сурови и строги, а жените имаат право да останат дома само во друштво на својот сопруг, или друг близок роднина од машки пол.
