КРВАВ ЛЕТ ЗАГРЕБ-МАЛМЕ: Вербална расправија прераснала во тепачка
Вербална расправија прераснала во тепачка синоќа, на летот Загреб-Малме, во авион на „Рајанер“. По тепачката, низ целиот авион имало крв.
Како што објави шведски Афтонбладет, инцидентот се случил пред авионот да слета во Малме. Двајца мажи, кои претходно се расправале, прво се нафрлиле еден на друг, а потоа и на други патници.
На слетување, тепачите ги пречекала полиција. Според
шведските медиуми, двајцата мажи се шведски државјани, а против едниот е поднесена пријава.
Слично
