Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРВАВ ДЕН ЗА ЕРМЕНИЈА: На границата во судир со азербејџанските сили загинаа 15 нивни војници

КРВАВ ДЕН ЗА ЕРМЕНИЈА: На границата во судир со азербејџанските сили загинаа 15 нивни војници

Eрменија соопшти дека има жртви во судирот со Азербејџан. Како што информираше Парламентот, 15 ерменски војници загинале во судирите со азербејџанските сили на границата. Претходно, ерменското Министерство за одбрана соопшти дека се заробени дванаесет војници.

„Како резултат на одмаздата на ерменските сили, непријателот претрпе големи загуби, а десетина оклопни возила беа уништени или оштетени. Загуби има и ерменската страна. Се вршат проверки, а 12 ерменски војници се заробени“, објави ТАСС.

Ерменија денеска побара од Русија да ѝ помогне да го одбрани својот територијален интегритет од Азербејџан.

Најновиот конфликт е продолжување на тензиите меѓу двете земји, кои минатата есен се бореа за превласт во регионот Нагорно Карабах, енклава на територијата на Азербејџан каде Ерменците се мнозинство и во која се одвиваше крвава војна во 1990-тите.

Повеќе од 6.000 луѓе беа убиени во војната лани, а конфликтот заврши со пораз на Ерменија, која мораше да се откаже од контролата врз голем дел од енклавата.

Фото: EPA-EFE/ROMAN ISMAYILOV

Слично

Поврзани вести