КРВАВ ДЕН: Напаѓач со автомобил удри во толпа луѓе
Во градот Нима во јужна Франција маж по полноќ влетувајќи со автомобилот во толпа луѓе, повреди две лица.
Полицијата го уапси напаѓачот, а портпаролката соопштила дека автомобилот е запрен со барикада на патот во градот, во кој, викендов се одржува традиционален годишен фестивал по повод берба на лозје.
Нема податоци за идентитетот на уапсениот.
Локалниот весник „Миди либр“ пишува дека минувачи го запреле осомничениот, кој имал триесетина години.
Ваквите напади зачестија во Франција, а неодамна во Париз напаѓач со ножици избоде луѓе.
Слично
