КРУЗЕР СО 206 ПАТНИЦИ ЗАГЛАВИ НА ГРЕНЛАНД, СПАСУВАЧИТЕ ЌЕ СТИГНАТ ВО ПЕТОК: Најблиската помош е оддалечена 2000 км
Крузер со 206 патници и членови на екипажот се насука во
северозападниот дел на Гренланд, а спасувачите
нема да пристигнат до петок, соопштија властите. Ocean Explorer се насука во Алпефјорд во националниот парк, 1.400
километри североисточно од Нуук, главниот град на Гренланд, соопшти Заедничката
арктичка команда (JAC) на данската војска.
„Бродот за крстарење е голема причина за загриженост. Најблиската помош е далеку, нашите единици се далеку, а времето може да биде многу неповолно“, рече шефот на операции на JAC, Брајан Џенсен. Тој додаде дека најблискиот брод на данската морнарица бил оддалечен околу 2.000 километри и дека се движел кон местото каде што е заглавен крузерот, пишува Sky News.
Властите контактирале со друг брод за крстарење во областа и од нив било побарано да остане во близина за да помогне во случај ситуацијата да се промени.
Портпаролот на австралискиот оператор Aurora Expeditions рече дека сите во бродот се безбедни и здрави. Ocean Explorer беше завршен во 2021 година и нуди патувања до „некои од најоддалечените дестинации на планетата“, вели Aurora Expeditions на својата веб-страница.
ФОТО: Twitter