Економија, финансии, бизнис

Контакт

Круз и Кејсик се здружија со цел да го поразат Трамп

Круз и Кејсик се здружија со цел да го поразат Трамп
Претендентите за кандидати за претседател на САД од Републиканската партија Тед Круз и Џон Касич одлучија да работат во тим, за да спречат победа на Доналд Трамп во прелиминарната партиска трка за номинација. Тоа го покажаа извештаите на предизборните штабови. По прелиминарното гласање во значителен број држави Трамп е се поблиску до собирање на потребниот број партиски делегати кои ќе го изберат за кандидат на републиканскиот конгрес во јуни. Круз и Касич се единствените преостанати ривали на градежниот претприемач и риалити ѕвезда во трката и со општите активности имаат за цел да спречат мнозинството на делегати на Трамп. Кампањата на Круз ќе „фокусира на времето и ресурсите во Индијана, ослободувајќи го патот на гувернер Касич во Орегон и Њу Мексико“, изјави менаџерот му Џеф Роу, а слична порака дојде и од штабот на Касич. „Олеле, Тед лажго и Касич тукушто најавија заговор, чија цел е да ја спречата мојата победа за републичката номинација. Очај“, коментира на Твитер Доналд Трамп. И покрај популарноста на милијардерот, се повеќе негови противници,како и кандидатот за претседател од 2012 Мит Ромни, во самата Републиканска партија креваат глас. Утре претстои републиканско гласање во 5 држави - Конектикат, Делавер, Мериленд, Пенсилванија и Род Ајленд.
Слично

Поврзани вести