Крстарењата со бродови и јахти – важен бизнис за Кина?
Кина се впушти во индустријата со крстарење правејќи нови терминали и грандиозни планови за уште повеќе објекти и луксузни бродови, а со цел да привлече повеќе странски туристи и љубители на авантури, кои сакаат да патуваат по море, пишува Ројтерс.
Експерти од индустријата сепак предупредуваат дека државната иницијатива вредна милијарди долари може да се соочи со проблеми, вклучувајќи ги изградбата на премногу скапи капацитети, кои губат пари, недостаток на правилно планирање, високите пристанишни такси за бродовите и неефикасните објекти за крстарење , чии долги царински проверки предизвикуваат доцнења.
Од воведувањето на туризмот со бродови за крстарења во Кина пред помалку од 10 години, во земјата се изградени 5 терминали во вкупна вредност од над 735 милиони долари. Во моментов се градат уште три, а допрва треба да започне и изградбата на шест други.
Инвестициите се исплатуваат, што се однесува до бројот на туристите. Но поради масовната изградба добивката страдаат, тврди Женг Веи-Кан, потпретседател на Здружението на крстарење и јахтената индустрија во Кина.
„Сите пет терминали трпат загуби главно како резултат на огромните инвестиции од страна на општинските власти во изградбата на големите структури кои носат недоволни приходи", истакнува експертот.
Во 2011 година кинеската влада најави дека овој туристички сектор ќе биде нејзин приоритет како дел од петгодишен економски план.
Некои експерти стравуваат дека парите се фрлаат, без да има соодветно истражување на пазарот и неговиот потенцијал за раст, особено имајќи предвид дека вкусовите на кинески туристи се разликуваат сериозно од оние на странците.
„Едноставното копирање нема да заврши работа", забележува германскиот специјалист Волфганг Георг Арлт кој додава дека е потребна сеопфатна анализа на пазарот и разбирање на специфичните потреби на кинески клиенти.
Кинезите генерално ги преферираат кратките патувања, вклучувајќи ја овде и можност за шопинг. Европејците и Американците се поставени целосно спротивно - тие сакаат подолги патувања.
Освен тоа за кинеските туристи, бирократијата за странците е пречка, бидејќи тие треба да аплицираат за повеќе визи за голем број азиски дестинации.
Слично
