Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРИЗЕН ПОЈАДОК: Путин, Порошенко и западните лидери на иста маса

КРИЗЕН ПОЈАДОК: Путин, Порошенко и западните лидери на иста маса
Рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот Петро Порошенко појадуваа денеска заедно во Милано, во обид да се надмине руско-украинската криза. На состанокот на Путин и Порошенко присуствуваа и францускиот претседател Франсоа Оланд, британскиот премиер Дејвид Камерон, италијанскиот премиер Матео Ренци и лидерите на ЕУ во заминување Херман Ван Ромпуј и Жозе Мануел Баросо. Деталите од разговорите се уште не се објавени, но постои мај знак за напредок по прашањето за прекин на огнот во источна Украина и надминувањето на проблемите во снабдувањето со гас. Путин, по посетата на Белград, вчера веднаш допатува во Милано, каде се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел и со италијанскиот претседател Џорџо Наполитано. Путиновиот портпарол Димитриј Песков изјави дека Путин и Меркел разговарале за руско-украинската криза и снабдувањето со гас повеќе од два часа. „По прашањето за причините за кризата во Украина, постојат сериозни несогласувања“, пренесе Песков.  
Слично

Поврзани вести