Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кризата во Украина ја „запали“ и цената на нафтата

Кризата во Украина ја „запали“ и цената на нафтата
Суровата нафта на светските берзи поскапува, а како директна причина за тоа се наведува кризата што ја потресува Украина. Откако Киев повика на општа мобилизација на воените резерви и ја обвини Русија за воена агресија, барел американска „лесна“ нафта за испoрака во април поскапе на берзата во Њујорк за 1,14 долари – на 103,73 долари за барел. Се зголеми цената и на северноморска нафта од типот „брент“ за априлска испорака, која на берзата во Лондон чини 1,62 долара поскапо – односно 110,69 долари за барел. Експертите не ја исклучуваат можноста цената на „црното злато“ и натаму да се зголемува ако продолжи напнатоста меѓу Украина и Русија.    
Слично

Поврзани вести