Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кризата во Украина го забрзува Јужен тек

Кризата во Украина го забрзува Јужен тек
Немирите во Украина ја загрозуваат испораката на рускиот гас во Европа, што би можело да ги забрза преговорите за Јужен поток, пишува Независна газета. Судејќи по тоа што украинскиот министер за енергетика, Едуард Ставицки, во текот на минатиот викенд рече дека сите анатомски централи би требало да се стават под засилени безбедносни мерки, во Украина не се исклучени ниту проблемите со гасоводот со кој рускиот гас се испорачува во Европа. „Се зголемува опасноста од прекин на транспортот на гас. Покрај останатите проблеми со кои веќе навикнавме да с ебориме, сега постои и опасност од тероризам. Кога е во прашање можниот прекин ан испораката во Европа, за жал Европа за тоа ќе ја криви Русија“, рече водечкиот експерт на Сојузот на произзодители на гас, Рустам Танкајев. „Од друга страна, без оглед на ЕУ, вкупната состојба во Европа покажува дека алтернативните проекти на Газпром, ккао што е Јужеен поток за неа се се поприоритетни, Ситуацијата во Украина говори во прилог на Јужен поток“, смета Танкајев. Директорот на Националниот институт за енергетика, Сергеј Правосудов смета дека засотрувањето на ситуацијата во Украина може да го забрза развојот на други проекти на Газпром. „Политичката нестабилност, автоматски, ќе предизвика загриженост кај купувачите на руски гас. Тие ќе се залагаат за изградба на алтернативен гасовод и ќе почнат да вршат притисок на Европската комисија“, претпоставува Правосудов. Во случај на прекин на транзитот низ Украина, Русија ќе најде други можности за испорака на гас, иако нема д аможе во потполност да ги замени украинските можности. „Имаме алтернативни ресурси за испорака на гас во Европа - Северен поток е едвај до половина искористен, а можно е да се зголеми транспортот преку Белорусија и Полска. Можеме да замениме значаен дел од украинските транзитни капацитети, но не се„, рече партнерот на консалтинг компанијата РусЕнерџи, Михаил Крутихин.   А.А.
Слично

Поврзани вести