Кризата во Шпанија може да ја повлече целата еврозона
Кризата во Шпанија може да ја ослаби економијата во целата еврозона, вели Ед Паркер извршниот директор на агенцијате за рејтингот„Фич“.
Според Паркер, буџетскиот дефицит на Шпанија е многу висок, а земјите-членки на еврозоната дури за неколку години ќе успеат, доколку ги спроведат сите договорени реформски мерки, да ја стабилизираат економската ситуација.
Приходот од шпанските државни обврзници повторно почна да расте, а инвеститорите предупредуваат дека земјите-членки на еврозоната малку работаат на заздравувањето на економската клима.
„Економијата на еврозоната се наоѓа во рецесија и поради тоа се додека ситуацијата не се подобри и не почне растот, инвеститорите ќе бидат воздржани, посочува Паркер.
Слично
