Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кризата во Samsung - тест за наследникот на компанијата

Кризата во Samsung - тест за наследникот на компанијата

Влошената криза со неисправните телефони на Samsung Electronics го стави наследникот на конгломератот Ли Џае-Јонг пред неговиот прв тест како лидер. Во серија телефонски разговори во вторникот со шефот на мобилната поделба и други директори Ли одлучи да стави крај на драмата со Galaxy Note 7 - телефонот кој Samsung се надеваше дека ќе го надмине новиот iPhone на Apple. Ова го тврди извор запознаен со разговорите на Ли, цитиран од Wall Street Journal.

Наместо тоа, уредот се претвора во катастрофа, откако компанијата не успеа да се справи со низата случаи во кои смартфони од овој модел се самозапалуваа. Во вторникот Samsung им сподели на корисниците на Galaxy Note 7 во целиот свет веднаш да ги исклучат уредите.

Одлуката на Ли, што беше донесена повеќе од еден месец откако Samsung го најави почетното повлекување на 2,5 милиони смартфони, најверојатно ќе чини 4 милијарди долари и повеќе трошоци за повлекување и изгубени продажби, оценуваат аналитичарите. Ова може да биде доволно за да ја избрише целата добивка од мобилните уреди за кварталот. Потегот има за цел да стави крај на кризата, која можеше да се прошири и подалеку од Galaxy Note 7, тврдат извори запознаени со прашањето. Samsung најави дека Ли нема да дава интервјуа или да ја коментира пред медиумите улога во кризата со смартфонот.

- Samsung треба да дејствува брзо и да продолжи напред, за да го зачува имиџот на брендот, коментира Марк Њуман, аналитичар на Sanford C. Bernstein & Co. во Хонгконг. Тој тврди дека Samsung дури треба да размисли дали да ја отстрани во целина серијата телефони Galaxy Note.

Проблеми со Note 7 се случија наскоро откако Samsung се врати на добрите резултати по две години пад на профитот. Корисниците покажаа интерес за нивните уреди, а тоа ги истрела акциите на компанијата до врвови, какви што немало досега. Сето ова го потврди местото на фирмата како доминантен производител на смартфони во светот по приходи.

Но акциите на Samsung загубија 8% од вредноста во вторникот - најголем пад на нивната цена во рамките на ден по осум години. Одлуката да се сопре производството на Galaxy Note 7 најверојатно ќе ги охрабри божиќните продажби на конкурентите, вклучувајќи на кинеската Huawei Technologies и на Apple. Google исто ги обновува напорите на пазарот на смартфони.

Кон предизвиците со кои се соочува Ли во моментов, можеме да додадеме уште еден. Американскиот хеџ фонд Elliott Management започна минатата недела кампања за поделба на Samsung Electronics на два дела.

Сето ова се случи само две недели пред гласањето на акционерите подоцна овој месец, на кое се очекува Ли да добие место во Одборот на директори за прв пат.

Откако неговиот татко Ли Кун-хи доби срцев удар пред повеќе од две години, 48-годишниот потпретседател на Samsung Group е поставен во центарот на вниманието.

Ли се уште е далеку од носење на важни одлуки за компанијата, откако во голема мера го делегира справувањето со кризата со Galaxy Note 7 на директори како Донгџин Кох, кој стои на чело на мобилната поделба.

Пристапот на Ли се разликува од оној на неговиот татко - немирен менаџер кој се вмешуваше во клучните одлуки. Синот сака да се фокусира на поголемата слика. Меѓу прашањата кои го возбудуваат, е долгорочната кампања за ослободување на Samsung од деловите од бизнисот кои веќе смета дека не се потребни, додека прави рефрома на конзервативната култура на конгломератот. Ли го промовира земањето отсуство и креативните празници, откако ги тера своите директори да поминуваат повеќе време во САД и да го владеат добро англискиот, што е клучен фактор во одредување на тоа кои менаџерите да добијат покачувања.

Но има нешто што синот не го наследил од својот татко: чувството на параноја за неодамнешните успеси на Samsung, тврди извор запознаен со случајот.

Ли инсистираше за повлекувањето на Galaxy Note 7 во почетокот на септември, надевајќи се дека компанијата брзо ќе се справи со дефектот, тврди извор кој нагласува дека имало директори, кои се обиделе да ги омаловажат раните случаи за палење на уредите. Откако минатиот месец почнаа да се појавуваат вести за самозапалување на заменетите телефони, Ли бил првиот кој бил доволно силен да ги именува работите со вистинските имиња, тврди изворот.

По случајот во авионот на Southwest Airlines, кој беше евакуиран минатата недела поради запалениот смартфон на Samsung, Ли започнал да тежи кон целосното запирање на производот. Во разговорите со раководството тој истакнал дека американските воздухопловни власти продолжуваат да инсистираат Galaxy Note 7 да биде исклучен за време на летовите, а тоа може да му наштети на брендот.

Иако Ли остана во заден план за време на кризата, има знаци дека тој може да се покаже на повеќе јавни места, особено по средбата на акционерите минатиот месец, на која си освои потенцијално место во бордот на Samsung Electronics. Оваа нова позиција ќе му даде правна одговорност во рамките на конгломератот, во кој досега тој ја практикувал својата власт преку неофицијални канали, тврди извор запознаен со предметот.


Слично

Поврзани вести