Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кризата удри по виното, историски минимум во Италија!

Кризата удри по виното, историски минимум во Италија!

Поради економската криза и промените во потрошувачките навики побарувачката на вино во Италија достина историски минимум. Ова го објави земјоделската асоцијација Колдирети.

Оттаму потврдија дека потрошувачката е намалена за 22 проценти во последните 10 години, а ова е најниско ниво од 19. век, посочуваат од Асоцијацијата.

Во 2012 година Италијанците испиле 22,6 милиони хектолитри. Колку за споредба, податоците на двата најголеми производелите САД покажуваат дека кај нив се испиени 29 милиони хектолитри, а во  Франција 30,3 милиони.

Во анкета спроведена од Колдирети, 32 проценти од испитаниците посочиле дека пијат вино само кога има некој повод, 18 проценти конзумираат една или две чаши неделно. Шест проценти од Италијанците пак посочиле дека воопшто не конзумираат вино.

Слично

Поврзани вести